30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОфицијално деби на моделот М9+

Официјално деби на моделот М9+

HTC-One-E9

Од „HTC“ сериозно ја сфаќаат приврзаноста на азиските пазари, а особено на кинескиот, кон смартфоните со големи дисплеи.

Откако од компанијата го претставија моделот Е9 – со 5.5-инчен екран, но со пластично куќиште и по пониска цена, сега „HTC“ ја претстави варијанта на моделот „М9“ под називот „M9 +“.

Новиот паметен телефон е со малку поголем дисплеј од оригиналот – од 5.2 инчи со „QHD“ резолуција и осумјадрен процесор од „MediaTek“ (2.2GHz, 64 bit).

Тој е со 3GB RAM меморија и предна камера која ја користи технологија „UltraPixel“. Задната камера е со резолуција од 20 мегапиксели, камера за подобрување на длабочината на фотографиите и можност за 3D ефекти.

Моделот „M9 +“ исто така е со батерија од 2.840 mAh и стандарден аудио систем „BoomSound“, предни стерео звучници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП