30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG ќе избере 4000 корисници да го тестираат моделот G4 пред тој...

LG ќе избере 4000 корисници да го тестираат моделот G4 пред тој да биде претставен

lg testeri

Компанијата „LG“ објави дека „како дел од најамбициозното претставување на телефон досега“, има намера да им овозможи на 4000 корисници да го тестираат претстојниот премуим смартфон „G4“, пред тој да биде претставен.

Оваа програма дебитираше денеска во Јужна Кореја, а ќе биде достапна во уште 14 држави ширум светот. „LG“ порачува дека ќе ги избира учесниците во програмата врз основа на нивните одговори на интернет страната на компанијата и на нејзините профили на друштвените мрежи.

Секој од 4000-те корисници кои „LG“ ќе ги избере ќе го добијат моделот „G4“ на користење во период до 30 дена. Иако не станува збор дали учесниците по тест периодот ќе можат да го задржат телефонот, „LG“ вели дека по различните задачи, тие ќе имаат шанса да освојат награди.

Смартфонот „LG G4“ официјално ќе биде претставен на 28-ми април, но се уште не се знае кога овој модел ќе се најде во продавниците.

Се очекува телефонот да е со 5.5-инчен екран со резолуција од 1440 x 2560 пиксели, како и оперативниот систем „Android Lollipop“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП