30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо рекламата за One M9, HTC ги уништи iPhone 6, LG G3...

Во рекламата за One M9, HTC ги уништи iPhone 6, LG G3 и Samsung Note 4 (видео)

htc crash

Во повеќето случаи компаниите користат „суптилни“ начини за „тролање“ на конкуренцијата, со цел да укажат на квалитетите на сопствените производи.

„HTC“ нештата за рекламирање на својот телефон „One M9“ ги подигна на друго ниво, прво со серија на помалку бизарни реклами во кои во главна улога е Роберт Дауни Џуниор.

Сега „HTC“ склучи партнерство со уште една ѕвезда, безбол играчот Робинсон Кано. Изгледа дека Кано е ангажиран со безбол палката да „распали“ по конкуренцијата, ама во буквална смисла.

Во видеото кое е објавено, можеме да погледнеме како Кано удира и уништува некои од најдобрите телефони кои се достапни на пазарот: „Samsung Galaxy Note 4“, „iPhone 6“ и „LG G3“.

Видеото секако е интересно за гледање и претставува ефектна реклама за „HTC One M9“, без оглед на бруталноста во него. Ова е пример за агресивен маркетинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП