7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan го претвори X-Trail во хибрид

Nissan го претвори X-Trail во хибрид

xtrail hib235

„Nissan“ претстави хибридна модификација на новата генерација „X-Trail“. Моделот веќе дебитираше во Јапонија, а се очекува наскоро да биде достапен и на останатите пазари, вклучувајќи ги Европа и САД.

Хибридниот „X-Trail“ е опремен со 2,0-литарски бензински мотор со 4 цилиндри, развива 147 КС и 207 Нм. Тој работи заедно со електричен мотор, додавај 41 КС и 160 Нм, „XTRONIC“ трансмисија и комплет литиум-јонски батерии, поради тоа волуменот на багажникот е намален за речиси 150 литри или до 400 литри.

Кросоверот располага со систем за обновување на енергијата при сопирање, како и со гуми со намален отпор при тркалање. Просечната потрошувачка на хибридниот „X-Trail“ е 4,8 l/100 km, а нивото на штетни гасови „СО2“ е за 75% пониска од оние на стандардниот модел.

На изглед „Nissan X-Trail Hybrid“ се разликува од стандардните верзии на моделот со „LED“ диоди на местото на светлата за магла, амблеми на каросеријата и на екранот на инструментинот панел, каде излегуваат показателите на хибридниот агрегат за време на движење.

Продажбата на новата модификација стартуваат на 13-ти мај во Јапонија. Цените почнуваат од околу 23.400 долари за верзијата со погон на предните тркала. Моделот со „4WD“ чини околу 27.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП