15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft ќе вработи лица со аутизам

Microsoft ќе вработи лица со аутизам

microsoft-headquarters-070712

Компанијата Microsoft направи голем исчекор во својата политика на вработување донесувајќи одлука да обезбеди работни места на лица заболени од аутизам, пренесува Huffington Post.

Според соопштението, компанијата во мај ќе покрене пилот програма за да им додели работни места на лица со аутизам со полно работно време во седиштето на компанијата во Редмонд, Вашингтон. За сега се планира вкупно да вработат десет лица со аутизам.

„Ширењето на можностите и разноликост во работната сила ќе ја направи нашата компанија посилна. Луѓето со аутизам ќе ја донесат токму онаа сила која ни е потребна.

Секоја личност е поинаква – некој има извонредна способност за памтење, некој за длабинско размислување, земање мноштво детали во обзир, додека некои може одлично да се покажат во математика и кодирање“, вели Мери Елен Смит, потпретседател на компанијата, која и сама има син со аутизам.

Оваа програма е само дел од големата кампања на фирмите да вработат што повеќе лица со аутизам, а се роди во соработка со данката компанија Specialisterne, задолжена за обука и вработување на аутистични луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП