30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнува батерија која ќе се користи во иднина (видео)

Пристигнува батерија која ќе се користи во иднина (видео)

bat idina22

Новата батерија за смартфоните ќе се полни многу бргу, ќе трае подолго и ќе биде побезбедна, тврдат научниците од Универзитетот Стенфорд.

Новата технологија за правење батерии подразбира користење алуминиум, графит и веќе сега ја тестираат научниците од споменатиот Универзитет.

Исто така, батеријата е флексибилна, што значи дека совршено ќе одговара на моделите на телефони кои го имаат тоа својство.

Научници од целиот свет моментално се посветени на работа за подобрување на батериите на мобилните телефони, а тоа значи дека пред се сакаат да ја надмината моменталната литиум-јонска технологија. Тој процес е бавен и често пати небезбеден.

Алуминиумските батерии најверојатно ќе се користат во иднината, пред се затоа што се евтини и што можат да складираат многу електрична енергија. Научнците сега најмногу ги мачи тоа што од батеријата неможат да „извлечат“ доволно напон.

За разлика од литиум-јонските батерии, алуминиумските не се запаливи, а дури и да ги „дупнат“ во состојба се да работат уште некое време.

Постоечките батерии по долго користење ја губат својата моќ, меѓутоа тоа не е случај со оваа од Стенфорд. Таа може да се полни неколку илјади пати, а да не изгуби од своето првобитно својство, тврдат научниците.

Во видеото можете да ја погледнете демонстрацијата на оваа нова батерија:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП