19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz ги објави цените на моделот GLE (фото+видео)

Mercedes-Benz ги објави цените на моделот GLE (фото+видео)

mb gle

„Mercedes-Benz“ го откри ценовникот на теренецот „GLE“ за пазарот на Германија. Моделот, чија премиера се одржа пред неколку дена во Њујорк, веќе може да се нарача.

Најприфатливата верзија на моделот е опремена со 4-цилиндричен дизел мотор со зафатнина од 2,1 литри и моќност од 204 КС. Таа има почетна цена од 53.966 евра. Ако клиентот го сака и системот за погон на четири тркала „4MATIC“, цената отскокнува до 56.703 евра.

mb gle1

Најмоќниот дизел модел – „GLE 350d 4MATIC“ (258 КС), е опремен со 3.0-литарски мотор и има почетна цена од 60.749 евра.

Бензинскиот спектар започнува со „GLE 400 4MATIC“, кој нуди 333 КС и цена која стартува од 60.928 евра. За сума од 76.874 евра клиентот може да го избере помоќниот „V8“ бензинска опција „GLE 500 4MATIC“, при што моќта достигнува 435 КС.

mb gle2

Малку повисока моќност – 442 КС, и малку пониска цена – 73.899 евра, демонстрира веројатно најинтересниот модел во палетата. Хибридот „GLE 500e 4MATIC“ обединува бензински „V6“ агрегат, литиум-јонска батерија и интегриран електромотор, со просечна потрочувака од само 3,3 л/100 км.

Моделите кои се изработени од „AMG“ износите скокаат над 100.000 евра. Послабиот „Mercedes-AMG GLE 63 4MATIC“ со 557 КС се предлага за 111.384 евра, додека предводникот „Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC“ со 585 КС чини 121.261 евра.

mb gle3

Се разбира новиот „Mercedes-Benz GLE“ нуди и долг лист со секакви додатоци кои се плаќаат дополнително.

Во компанијата веќе примаат нарачки за моделот, а првите испораки на клиентите ќе бидат во месец август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП