9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрзан растот на економијата во еврозоната во март

Забрзан растот на економијата во еврозоната во март

euslika

Економските активности во еврозоната го забрзаа растот во март, достигнувајќи најсилно темпо за последната година благодарение на продолжението на силен прилив на нови нарачки, извести денеска лондонската компанија „Markit“.

Притоа посебно е издвоен растот во Франција, втор месец по ред.

Индексот на менаџери за набавка (PMI) во приватниот сектор на еврозоната порасна во март на 54,0 поени, од 53,3 поени, колку што изнесува во февруари.

„Сеуште не може со сигурност да се тврди дека економијата на еврозоната расте доволно силно за да се врати кон силно и одржливо закрепнување, но регионот несомнено бележи најсилен раст од 2011-та година“, констатира главниот економист на „Markit“, Крис Вилијамсон.

Закрепнувањето е забележано во производствениот и во услужниот сектор, при што производните активности пораснале со најбрзо темпо од мај 2014-та година, додека услужниот сектор забележа најсилен раст за осум месеци.

Засилено е и темпото на нови нарачки, кое достигна највисоко ниво за речиси четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП