30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOва е смартфонот Sony Xperia C4

Oва е смартфонот Sony Xperia C4

sony_xperia_c4_imagen_promocional_01

Кога станува збор за компанијата „Sony“, таа овие денови е во центарот на вниманието поради нивниот иден премиум телефон „Xperia Z4“ чие претставување го очекуваме наскоро.

Но, „Sony“ подготвува уште некои телефони, меѓу кои е и смартфонот „Sony Xperia C4“ кој досега беше познат под кодното име „Cosmos“. Веќе имавме можност да погледнеме неколку фотографии кои се појавија на интернет од овој телефон, но сите беа со многу лош квалитет за разлика од денешната за која се претпоставува дека е официјална.

И минатогодишниот „Xperia C3“ модел беше ориентиран кон „селфи“ фотографиите, па тоа е случај и со овој смартфон.

Телефонот „Xperia C4“ има камера со „dual-LED“ блиц на предната страна, исто како неговиот претходник, но е со нешто поразличен дизајн. „XperiaBlog“ ни препорачува дека „Xperia C4“ ќе биде претставен во мај или јуни со оперативниот систем „Android 5 Lollipop“.

За жал, карактеристиките на овој смартфон засега се непознати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП