17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВелосипед во стилот на Mercedes AMG GT (фото)

Велосипед во стилот на Mercedes AMG GT (фото)

rotwild

Автомобилската компанија „Mercedes“ и производителот на велосипеди „Rotwild“ претставија „Mountainbike“ во стилот на суперавтомобилот „AMG GT“.

rotwild1

Велосипедот го носи името „Rotwild GT S“ и се одликува со лесна рамка, решена во комбинација на жолта боја и карбон акценти. Голем број од компонентите, меѓу кои основата на рачките, педалите, се изработени од карбон.

rotwild3

„Rotwild GT S“ може да се пофали исто така со гуми „Continental Race King“ со големина од 29 инчи, диск кочници „Formula AMG R1 Racing FCS“ и менувач кој овозможува неколку брзини да се одбираат последователно.

rotwild4

„Натпреварувачки дух, непогрешлив дизајн и германскиот инженеринг се алките меѓу „AMG“ и „Rotwild“. Нашата заедничка страст за производи со високи перформанси ќе продолжи да го инспирира партнерството и во иднина“, вели Тобиас Моерс, извршен директор на „Mercedes-AMG“.

rotwild7

Од официјалните информации не станува јасно колку точно тежи велосипедот. Наводно, сепак, тој ќе биде изработен во кратка серија од само 100 примероци. Цената на секој од нив е 9.999 евра.

rotwild5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП