22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМардас: Германија и должи на Грција 279 милијарди евра!

Мардас: Германија и должи на Грција 279 милијарди евра!

grc ger

Заменик грчкиот министер за финансии Димитрис Мардас, изјави дека Германија и должи на Грција речиси 279 милијарди евра отштета за нацистичката окупација на државата, јави „Reuters“.

Односите помеѓу Германија и Грција се влошија откако грчките власти се обидоа да ги обноват преговорите за финансиските услови, поради што Германија стравува дека Грција ќе ги отфрли претходно договорените финансиски обврски.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја обвини Германија дека користи правни трикови за да го избегне плаќањето за воена отштета за Втората светска војна.

Грчката влада, која е соочена со големи финансиски проблеми, неодамна побара од Германија да и исплати обештетување за случувањата за време на нацистичката окупација во Втората светска војна, што Берлин одбива.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас претходно истакна дека договорот за репарација со Германија од 1960-та година не ги покри главните барања на Грција, вклчително и надоместот за уништена инфраструктура, воени злосторства и враќање на принудниот заем што нацистите го зеле од окупираната Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП