17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИ Galaxy S6 Edge е телефон кој се витка (видео)

И Galaxy S6 Edge е телефон кој се витка (видео)

test sm3

„iPhone 6“ не е единствениот телефон кој се витка под притисок.

Новиот „Galaxy S6 Edge“ може трајно да се деформира под притисок од 50 килограми, што значи дека може да останете без телефон, доколку седнете и го заборавите телефонот во задниот џеб.

Овој тест го направи осигурителната куќа „Square Trade Labs“ и потврди дека „iPhone 6“ и „Galaxy S6 Edge“ се свиткуваат под исто оптеретување.

Меѓутоа, телефонот на „Apple“ е малку поиздржлив во поглед на функционалноста по оштетувањето. За целосно престанување на работата потребно е да се свитка под терет од 81 килограм, додека „Samsung“ не трпи повеќе од 68.

„Поради тоа што производителите имаат тенденција на поголеми екрани на потенки уреди, тие лесно се превиткуваат и пукаат“, вели Џесика Хофман од „Square Trade“.

Со цел да ја тестираат „точката на пукање“ на овие телефони, експертите го користеле роботот „BendBot“ кој симулира што се случува со телефонот, доколку корисникот го заборви уредот во задниот џеб од пантолоните, a потоа одеднаш седне.

Интересно е дека новиот „HTC M9“ тешко се свиткува, но лесно трајно се расипува по такви оштетувања. Овој телефон почна да се деформира, дури кога тежината беше зголемена на 55 килограми. Меѓутоа, поради тоа што копчето се „вовлече“ во телефонот, уредот на крајот беше неупотреблив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП