19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИCuriosity открил нови докази за постоење вода на Марс

Curiosity открил нови докази за постоење вода на Марс

curiosity-rover333

Роботизираната лабораторија Curiosity на американската агенција за вселенски истражува NASA, открила нови минерални жили, кои претставуваат доказ за постоење вода на Марс, соопшти лабораторијата на агенцијата во Пасадена, Калифорнија, која управува со мисијата на Црвената планета.

Уредот, кој во моментов го проучува кратерот Гејл, има неколку задачи, односно да утврди какви биле некогаш климатските услови на Марс. Да ја определи геолошката структура на планетата, да открие можно постоење на микробни форми на живот, како и да ги собере сите возможни докази за постоење на вода.

Благодарејќи на добиените фотографии, експертите на NASA утврдиле дека во областа Гарден сити, која се наоѓа во подножјето на планината Шарп, се наоѓаат околу два тона минерални „вени“. Тие се состојат од светли и темни компоненти. Првата е идентификувана како гипс, додека втората е непозната за научниците.

Таквите јадра вообичаено се појавуваат на места каде што претходно минувала течност преку пукнатини на површината, која содржела разни минерали. Научниците се убедени дека таа течност, исто така, придонела и за хемискиот состав на горните слоеви.

„Доколку ова е точно, тогаш овие минерални ‘вени’, најверојатно се геолошки формации коишто во споредба со другите на Марс се потпорни на ерозијата“, се наведува во соопштението на NASА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП