22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолку чинат најдобрите телефони на другите пазари?

Колку чинат најдобрите телефони на другите пазари?

sporedba 3300

Често јавноста може да слушне дека смартфонот „iPhone“ е еден од најскапите популарни уреди кои можат да се купат, но доказите го говорат спротивното.

Многу пати сме слушнале дека овој уред е преценет, а и дека постојат добри алтернативи кои го користат оперативниот систем „Android“.

Меѓутоа, дали некогаш сте се запрашале колку навистина чини „iPhone 6“ на светските пазари, а колку споредливите „Android“ модели?

sporedba 3301

Истражувајќи ги цените во малопродажба, „Phonearena“ ни ја претстави цената на „iPhone 6“ на десет големи пазари со неговите конкуренти од таборот на „Android“. Како репер за споредба се земени најновите и најдобрите телефони: „Samsung Galaxy S6“, „HTC One M9“ и „Galaxy S6 Еdge“, и нивната најавена или потврдена цена во секоја од овие земји.

Треба да се нагласи дека во тие земји понекогаш на „Amazon“ можат да се пронајдат половни телефони и телефони со пониска цена, но овој пат како релеванти се земени во предвид малопродажните цени. Сите цени се конвертирани во долари за полесна споредба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП