19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора привлекла странски инвестиции од 5,5 млрд евра за осум години

Црна Гора привлекла странски инвестиции од 5,5 млрд евра за осум години

podgorica1

Вредноста на странските директни инвестиции во Црна Гора во последните осум години достигнала 5,5 милијарди евра, со што оваа држава е лидер во регионот.

Овој податок го изнесе директорот на црногорската Агенција за промоција на инвестициите, Милош Јовановиќ за подгоричкиот весник Побједа.

„Деновиве очекуваме влез на три компании од Катар, Јордан и САД. Станува збор за компании од дејностите туризам, нафта и информациски технологии, кои имаат милионски профити и им одговара нашата ниска даночна стапка на добивка од девет отсто“, изјави Јовановиќ.

Според податоците на Монстат, државен завод за статистика, странските инвестиции во 2012 година изнесувале 436,5 милиони, а во 2013 година 485,3 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП