22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOфицијално претставен оперативниот систем Oxygen (видео)

Oфицијално претставен оперативниот систем Oxygen (видео)

ox plus

Кинескиот производител на паметни телефон – компанијата „OnePlus“ го претстави својот нов „OxygenOS“ оперативен систем кој е базиран на „Android“. Потсетуваме дека компанијата на ваков чекор се одлучи по првните проблеми поврзани со верзијата „CyanogenMod“ на индискиот пазар.

Компанијата на крајот се одлучи дека наједноставно е да изработат сопствена верзија на „Android“, отколку со години да се влечкаат по судови и да ја тераат правдат, т.е. да трошат многу пари на адвокатските тимови.

Иако како датум за официјално претставување се шпекулираше за 12-ти февруари, „OxygenOS“ сепак пристигна малку подоцна.

На прв поглед видливо е дека тимот „OxygenOS“ го темелел сопствениот оперативен систем на „Lollipop“ верзијата „5.0.2“ која дополнително ја опремиле со неколку за нив важни додатоци. Ќе напоменеме дека истиот е надограден со паметни гестови, како и дека екипата во сопствениот пребарувач на датотеки дополнително поработила на едноставноста на брзите поставувања.

Тоа што исто така е интересно и поврзано со овој ОС е тоа што „OnePlus“ се обидуваше да дознае што корисниците на нивните смартфони сакаат, па по тоа и го дизајнираше „OxygenOS“. Како што наведува самата компанија, целта не им било да изработат пренатрупан ОС кој ќе содржи многу непотребни работи, туку токму спротивно – брз ОС кој нема да ја троши батеријата и кој нема да ги намалува перформансите на самиот уред.

Како изгледа новиот „OxygenOS“ зa смартфонот „OnePlus One“ можете да погледнете во приложеното видео.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП