4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБил Гејтс продаде дел од својот удел во Bank of Ireland

Бил Гејтс продаде дел од својот удел во Bank of Ireland

bank of ireland

Најбогатиот човек во светот, Бил Гејтс значително го намалил уделот во „Bank of Ireland“, продавајќи над три четвртини од акциите.

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс имаше над 61.6 милиони акции на банката во вредност од 18.5 милиони евра, според известувањето на регулаторните органи за минатата година. Според последните податоци, сепак процентот на фондацијата бил редуциран до едвај 13,2 милиони акции во вредност од околу 4,6 милиони долари.

Одлуката на Гејтс да го намали својот удел се совпаѓа со активностите на двајца други остроумни меѓународни инвеститори. Минатата недела Пре Уатса кој е нарекуван „канадскииот Ворен Бафет“, го намали својот удел во банката, продавајќи 935 милиони акции. Уатса ќе заработи 255 милиони евра од акциите кои се купени во 2011-та година. Милијардерот Вилбур Рос исто така ја удвои својата заработка, откако ги продаде акциите во банката во јуни минатата година. Тој заработил 477 милиони евра од акциите купени пред речиси четири години.

Според магазинот „Forbes“ богатството на Гејтс се проценува на 79 милијарди долари, што го прави најбогат човек во светот. Гејтс инвестира и во ирски обврзници, а поседува хартии од вредност во вредност од 21 милиони евра. Фондацијата Гејтс поседуваа обврзници во ирски банки во вредност од речиси 27 милиони евра на крајот на 2006-та година.

Гејтс, исто така, поседува околу 1.27 милиони акции на „Independent News & Media“ (INM) чија цена драстично се зголеми во последните недели. Вториот најбогат човек во светот Карлос Слим исто така има акции на „INM“, откако купи удел за 16 милиони евра во 2008-ма година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП