7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОлсон подготви Audi RS6 co 1.000 „коња“ со кое ќе учествува на...

Олсон подготви Audi RS6 co 1.000 „коња“ со кое ќе учествува на Gumball 3000 (фото+видео)

rs 6 gumball

Шведскиот скијач Јон Олсон, шампион од екстремните игри „X-Games 2008“, го претстави личниот караван „RS6“ што е преработени во стилот на автомобилите од сериите „DTM“. Моќноста на машината е 950 КС, но ако користи специјално гориво, моторот може да развие над 1000 КС.

rs 6 gumball1

Олсон откри дека секогаш му се допаѓале автомобилите од сериите „DTM“ и затоа сличен проект подолго време бил во неговите планови. Главната карактеристика на „RS6“ е карбон каросеријата, која ја користат и автомобилите во шампионатот на Германија за туристички автомобили.

rs 6 gumball2

Таа е направена од компанијата „Caresto“, предводена од поранешниот главен инженер на брендот „Koenigsegg“ – Леиф Турвенсон. Самиот материјал е купен лично од Олсон од фабриката за производство на материјали за автомобилите „Pagani“.

rs 6 gumball3

Со доработка на агрегатот се занимавале експертите од работилницата „Stertman Motorsport“. Тие поставиле на „V8“ моторот со зафатнина од 4,0 литри и моќност од 560 КС специјален чип-тунниг со 3 нивоа и ги замениле стандардните турбини, како и издувниот систем и суспензијата.

Дизајнот е дело на студиото „Wrapzone“ кое работи и врз возилото „Rebellion R2K“ со кое Олсон учествуваше минатата година во интерконтиненталното рели-маратон „Gumball 3000“. Со новата машина Швеѓанецот ќе учествува и во овогодинешната трка, која ќе започне на 23-ти мај во Стокхлом и ќе финишира на 30-ти мај во Лас Вегас (САД).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП