Грција се обврза дека ќе го исплати достасаниот долг од 460 милиони евра кон ММФ на 9-ти април, објави директорката на ММФ, Кристин Лагард по состанокот во Вашингтон со грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

„Со министерот Варуфакис разменивме мислење за моментната состојба и сметаме дека ефиканска соработка е во интерес за сите “, рече Лагард.
Таа додаде дека со Варуфакис заклучиле дека несигурноста не е во интерес на Грција, поздравувајќи ја потврдата на грчкиот министер дека доспеаната сума ќе биде исплатена на 9-ти април.
Веќе три недели се шират гласини, потхранети од вознемирувачкото писмо на грчкиот премиер Алексис Ципрас до германската канцеларка Ангела Меркел од 15-ти март во кое предупреди дека може да се случи Грција да е ги исполни своите претстојни обврски, што имплицитно значи дека нема да може да го исплати долгот кој доспева на 9-ти април.
Економските аналитичари сметаат дека грчкото неисплаќање на долговите може да има непредвидливи последици.
Грција води тешки преговори со своите парнери во Европската унија, во очекување да и биде исплатена последната транша од помошта од 7,2 милијарди евра.