15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромовиран новиот Медицински симулациски центар

Промовиран новиот Медицински симулациски центар

kik

Министерот за здравсво Никола Тодоров во неделата го промовираш почетокот на фунцкионирањето на Медицинскиот симулациски центар при Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, на кој ќе можат да се вршат голем број комплексни симулациски вежби.

Симулацискиот центар е формираа од страна на Министерството за здравство, трите медицински факултета и лекарската комора на Македонија.

Новоoтворениот медицински симулациски центар ќе биде местото каде што започнувајќи веќе од неделата, студентите, специјализантите, докторите и оние кои го полагаат државниот испит ќе можат да се обучуваат и да тренираат симулациски вежби изведени на манекени во животно загрозувачки ситуации, врз основа на протоколи и врз основа на стандарди, реча министерот Тодоров.

„Симулацијата е така предвидена да се симулираат животно загрозувачки ситуации, а кандидатите кои се во симулацискиот центар треба да ги преземат сите мерки за стабилизирање на пациентот, односно враќање на виталните функции. Целиот процес се снима и се набљудува од страна на едукатор, кој ја опсервира работата на кандидатот од друга просторија, а потоа врз основа на тоа што е преземено го оценува кандидатот дали ги презел сите предвидени мерки или не“, појасни министерот за здравство.

Симулациските вежби се од особена важност, додаде Тодоров, бидејќи со тоа кандидатите се стекнуваат со практични вештини од најразлични ситуации, кои подоцна ќе можат да ги применат врз пациентите.

„Симулацискиот центар располага со еден адутен модел, еден педијатриски, гинеколошки и лапароскопски тренажер, посебен симулатор на кој може да се едуцираат кандидатите за вршење на лапароскопски интервенции во повеќе области на хирургијата, како и поголем број на помали модели кои се користат во едукацијата на студентите во различни сегменти“, додаде Тодоров.

Во симулацискиот центар ќе се прави база на снимени интервенции, без идентитетот на пациентот, која подоцна ќе служи за едукација на студентите и специјализантите. Вредноста на опремата е во износ од околу 37 милиони денари, а едукатори во центарот ќе бидат доктори од Клиниките во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП