12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНепобедливиот Ѓоковиќ го освои Мајами

Непобедливиот Ѓоковиќ го освои Мајами

Image (29)

Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Мастерс турнирот во Мајами со победата над Енди Мари од 2:1 (7:6, 4:6, 6:0). Ѓоковиќ ја освои својата петта титула во Мајaми, вкупно 51-ва во кариерата. Мечот помеѓу српскиот и шкотскиот тенисер траеше два часа и 46 минути.

Ѓоковиќ покрај освоената титула го запиша своето име во историјата на светскиот тенис како прв тенисер кој три пати ги освоил Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами. Титулата во Мајами е 22-ра за Ѓоковиќ на Мастерс серијата.

Српскиот тенисер ја запиша 18-та победа во 26-от меч со Мари, последен пат Ѓоковиќ загубил финале на некој од турнирите од Мастерс серијата во 2012 кога во Синсинати загуби од Роџер Федерер.

Победата во Мајами е седматта во низа за Ѓоковиќ против Мари, Шкотлаѓанецот последен пат го победил Србинот во 2013 година, во вимблдонското финале.

Финалниот меч не понуди тенис каков што очекуваа гледачите, двајцата играчи многу грешеа, само на моменти играа спектакуларен тенис. Мари прв направи брејк во првиот сет, но Ѓоковиќ веднаш возврати, а Србинот беше многу подобар во тај брејкот кој го доби со 7:3.

Мари беше подобар во вториот сет константно ја имаше иницијативата, иако Ѓоковиќ во третиот гем не реализираше четири брејк топки. Брејкот кој значеше и освојување на вториот сет и израмнување на резултатот Мари го направи во десеттиот гем.

И кога се очекуваше пеколна борба во решавачкиот сет Мари едноставно како да исчезна од теренот. Ѓоковиќ изгледаше многу посвежо и експресно го доби сетот со 6:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП