22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle вели дека Android сега е многу побезбеден

Google вели дека Android сега е многу побезбеден

android google1111

„Google“ започна да се пресметува со злонамерните програми на „Android“, a според најновиот извештај „Android State of the Union“, може да се забележи вистински напредок во борбата против штетниот софтвер.

Новиот извештај ни вели дека глобалната стапка на инсталиран штетен софтвер забележа пад за 50 проценти во текот на 2014-та година.

Според пресметките на „Google“, само еден процент од уредите со „Android“ имале штетни апликации кои биле инсталирани во текот на минатата година. Доколку се сметаат уредите на кои апликациите се инсталирани преку „Google Play“, тогаш само 0,15 отсто имале инсталирано штетен софтвер.

Треба да се напомене дека ова е прилично широк број и дека се базирани на тоа што „Google“ го нарекува „потенцијално штетни апликации“, но и дека компанијата понуди опширен извештај на 44 страни за оние кои бараат повеќе детали.

Во извештајот не се споменува неодамнешната „Android WebView“ ранливост која ги погоди телефоните кои имаат „Jelly Bean“ или постари платформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП