18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто можеме да очекуваме од iPhone 7?

Што можеме да очекуваме од iPhone 7?

i sedum

Главниот конкурент на „iPhone“ – „Samsung Galaxy S6“ веќе е на пазарот и тоа ги тера љубителите на „Apple“ да ги изнесат своите погледи кон она што може да се очекува од следниот „iPhone“.

Еве и дел од најраспространетите интернет податоци.

Можно е компанијата да не претстави привремен модел „6S“, туку директно да премине кон следната седма верзија. Причината – новиот уред се очекува да е толку технолошки напреден и дека ќе се пропушти времената серија.

Најважниот новитет се очекува да е во однос на екранот осетлив на допир на смартфонот. Можно е тој да располага со технологијата „Force Touch“ која ја препознава силата на притисок и е претставена кај новите модели на „MacBook“, како и кај „паметниот часовник“.

Моделот најверојатно ќе се претстави повторно во две варијанти – 4.7-инчен и 5.5-инчен, слично на моделите „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“. Најверојатно нема да видиме претставувањето на нов 4-инчен модел, шпекулации кои претходно ги имаше.

Во поглед на дизајнот тешко дека ќе бидеме сведоци на драстични промени, откако таква беше воведена кај претходната, шестта верзија. Традиционално од „Apple“ не се големи фанови на промената на дизајнот на уредот. Тоа значи дека новиот модел најверојатно ќе е со алуминиумско куќиште и заоблени краеви.

Новиот „iPhone 7“ најверојатно ќе биде со побрз чип, најверојатно „A9“, кој ќе располага и со ко-процесор „М9“. Производството на новиот чип е многу веројатно да биде доверено на „Samsung“.

Сериозно подобрување се очекува да има во однос на батеријата на смартфонот, како и кај камерата. Се очекува камерата да е 21-мегапикселна што би бил најголем скок досега во историјата во однос на оваа компонента.

Смартфонот најверојатно ќе има конечно и 2 GB RAM меморија „LPDDR4“.

Новиот модел се очекува да биде претставен дури во септември, па ќе има уште многу време за нови шпекулации и претпоставки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП