18 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБритански автомобил по патиштата низ САД - без возач (видео)

Британски автомобил по патиштата низ САД – без возач (видео)

delphi22

Автомобилот без возач на британската компанија „Delphi Automotive“ успешно ја мина делницата од Сан Франциско до Њујорк, соопшти во петокот компанијата.

„Околу 99 отсто од трасата во должина од 5.470 километри беа изминати целосно во автоматизиран режим“, односно без управување од возач, истакнаа на официјалната интернет страница на компанијата.

Од компанија „Delphi Automotive“, исто така, истакнуваат дека целта на оваа трка била да се добијат статистички податоци за натамошното развивање на системот за безбедност кај овој вид автомобил.

„Нашиот развоен проект ги покажа своите најдобри страни, надминувајќи ги сите очекувања“, вели Џеф Овенс, директор на технолошкиот оддел во компанијата. Според него, „податоците добиени во текот на овој експеримент ќе овозможат да се оптимизира нашиот изум и забрзување на развојот на проектот“.

Во информацијата се наведува дека во текот на деветте дена патување автомобилот ги минал границите на 15 сојузни држави во САД, соочувајќи се непредвидливи сложени ситуации, вклучително и движење по збунувачки транспортни крстосувања, мостови и тунели, патишта на кои се изведуваат поправки.

Опремен со камери, радар и систем за избегнување судири, автомобилот „Audi Q5“ успешно се справи со опасностите, како на пример, екстремните временски услови и агресивното несовесно возење на Американците, се додава во соопштението на „Delphi Automotive“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП