2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДимевски најави повлекување, изборно собрание на МКФ на 27. април

Димевски најави повлекување, изборно собрание на МКФ на 27. април

Image (28)

Првиот човек на Македонската кошаркарска федерација Даниeл Димевски ќе се повлече од функцијата, а неговиот наследник ќе биде избран на вонредното собрание кое Управниот одбор на МКФ го закажа за 27-ми април.

Со оваа одлука е направен своевиден компромис, Димевски се согласи да се повлече од функцијата, а иницијаторите за негова смена го откажаа вонредното собрание кое требаше да се одржи на 7-ми април, а за кое согласност не даде ниту ФИБА.

По овој повод, со соопштение се огласи и Даниел Димевски, кое е објавено на официјалната интернет страница на МКФ.

„Во целокупната моја 10-годишна кариера како предводник на Македонската кошаркарска федерација, сета своја енергија, ентузијазам и посветеност ги ставав во функција на сесрдна поддршка на клубовите и на македонската репрезентација, како најсветиот дел од македонската кошарка.

Во овие драматични моменти за иднината токму на македонската репрезентација, во пресрет на Евробаскетот во Хрватска, како човек кој чувствува дека е еден мал, но сепак нераскинливо сврзан дел со нашата репрезентација, впрочем како што било и секогаш во добро и зло, со овој личен чин сакам да направам сé што е во моите можности да спречам едно црно сценарио за иднината на македонската кошарка.

На претстојното Изборно собрание кое ќе биде закажано за 27.04.2015 година, доследно почитувајќи ги актите, сочувувајќи го интегритетот на МКФ како основен приоритет, на демократски начин со тајно гласање, што согласно Деловникот е дискреционо право на Претседателот за изборот на начинот на изјаснување, членките на МКФ ќе можат да го изберат идниот предводник помеѓу повеќето кандидати кои ќе достават свои програми и визија за иднината на македонската кошарка.

Јас лично не планирам да се кандидирам по четврти пат, но тоа не значи дека се повлекувам од македонската кошарка“, стои во соопштението со кое Димевски и се обрати на јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП