14 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen претстави четири нови верзии на новата Буба

Volkswagen претстави четири нови верзии на новата Буба

Volkswagen Beetle Concept-Cars

На меѓународниот автомобилски саем во Њујорк, „Volkswagen“ прикажа четири нови верзии на легендарната „Буба”. Покрај двете нови купе варијанти и двата кабриолети, „Volkswagen“ во Америка го прикажа и новиот „Golf Alltrack“.

„Volkswagen“ го прошири семејството на моделот „Буба“ и понуди четири нови варијанти на прекрасниот автомобил. Сина боја за новиот концепт „Буба“ кабриолет „Деним“ (џинс). Бојата на каросеријата е „Stonewashed“ сина металик, а мекиот покрив обоен во темно сина боја со специјален материјал оддава впечаток на џинс („Деним”).

Концепт возилото „Буба“ – „Wave“ во „Habanero“ портокалова металик боја го изразува американскиот дух преку песочните плажи на источниот и западот брег на САД. Овој дух се пренесува и во внатрешноста на кабриолетот. Дизајнот на материјалот во средината на седиштата е од 1950-тите и 60-тите години, во внатрешноста има елементи од вистинско дрво кое потсетува на традиционалната даска за сурфање.

Volkswagen Beetle Concept-Cars

Оние кои се во потрага по нешто посебно, ќе се пронајдат во новата „Буба Пинк“. Тоа е автомобил за луѓето од целиот свет кои имаат изграден стил. Розовите додатоци можат да се најдат во најлуксузните куќи на Менхетен како и во други големи градови низ светот. Сега „Volkswagen“ ја задоволува и оваа потреба со своето купе во розова металик боја. Оваа боја е во контраст со надворешните и внатрешните елементи кои се обоени во црно, кои се хромирани или се направени од алуминиум.

„Beetle R-Line Concept1“, од друга страна, јасно го изразува автомобилскиот спортски дух. Овој модел има 2.0 TSI моторот (европска верзија) кој произведува 162 kW / 220 КС и целосно е во склад со дизајн на автомобилот. Модел „Буба R-Line Concept1“, има „Oryx“ бела боја со бисерен ефект, а во исто време импресионира со своите браници, странични лајсни и спојлерот кои се обоени во високо сјајна црна боја. Севкупниот спортски впечаток на автомобилот продолжува и во внатрешноста преку спортските седишта и карбонските елементи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП