3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБрзи 200 милиони долари за Џеј Зи

Брзи 200 милиони долари за Џеј Зи

tidal1

Во март Џеј Зи го финализираше купувањето на шведската компанија за стриминг на музика „Aspiro“, за која плати 56 милиони долари.

Сега, само неколку недели подоцна, компанијата веќе се проценува на 250 милиони долари, пишува „New York Post“.

„Sprint“ и нејзината матична компанија „Softbank“ имаат инвестирано во „Aspiro“ и веќе поседуваат малцински удел во неа. Претходно оваа недела Џеј Зи повторно пушти главен сајт за стриминг „Aspiro Tidal“ на настан во Њујорк, на кој присуствуваа многу музички ѕвезди. На сцената кон него се приклучија некои од најголемите имиња во денешната музика како Бијонсе, Кание Вест, Мадона, Дафт Панк, Џек Вајт и уште многу други.

tidal

Изгледа ѕвездената селекција на Џеј Зи веќе му носи придобивки, бидејќи „Aspiro“ веќе се проценува на 250 милиони долари. Според „New York Post“, „Tidal“ веќе има 100.000 претплатници по настанот во Њујорк. Сајтот имаше само 35.000 претплатници пред да биде купен од Џеј Зи.

„Sprint“ се здружил со „Tidal“, за да ја обезбеди стриминг услугата на телефоните кои ја користат мрежата на мобилниот оператор. Изгледа претстои „Sprint“ да вклучи претплатата за „Tidal“ во цената на договор за телефон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП