27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија формираше фонд за спасување на банките

Словенија формираше фонд за спасување на банките

Banka-Slovenije-660x330

Централната банка на Словенија формираше посебен фонд за спасување на банките, чиј основачки износ е 191 милион евра, средства кои ги уплатија банките и штедилниците.

Планираниот износ на парите во фондот, кој претставува актива на банките и со која одвоено од другата актива управува централната банка, изнесува 2,3 отсто од сите гарантирани депозити во сите банки во Словенија, респективно, или околу 345 милиони евра.

„Банките до сега уплатиле 1,3 отсто од својата од сите гарантирани депозити“, соопшти Banka Slovenije.

Сите банки, кои се обврзаа на соработка, мораат да бидат во можност во секој момент да обезбедат пари во износ од еден отсто од сите загарантирани депозити или околу 150 милиони евра.

Фондот ќе биде активен до 2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП