19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Watch - иновација или кич?

Apple Watch – иновација или кич?

watch apple 24

Големата технолошка вест за оваа година е премиерата на часовникот „Apple Watch“.

Тој ќе се продава по цени почнувајќи од 349 долари, соопштува „Business Insider“. Најскапата опција достигнува 17.000 долари. Од „Apple“ убедуваат дека технолошкиот часовник ќе создаде револуција во начинот на кој ние го трошиме време.

Ова е втор пат кога „Apple“ го презентира „Apple Watch“. Компанијата ги претстави функционалностите на часовникот, можноста со него да се следи срцевиот пулс при трчање, да се примаат телефонски повици и да се купат производи, додека тој е во близина на терминал со помош на „Apple Pay“.

Сепак најголемата вест поврзана со него, е неговата цена. Според ремчето значително варира вредноста на овој уред. Најевтиниот се продава за 49 долари и има гумено ремче. Во форма на убава гривна, овој уред може да чини и 449 долари – зависи што сака купувачот. Специјалната верзија на паметниот часовник ќе биде со позлатено куќиште од 18-каратно жолто или розово злато.

Од „Apple“ ветуваат дека „Apple Watch“ ќе има батерија која ќе му овозможи 18 часа работа. Полначот за батерии е магнетен и се прицврстува на грбот на алуминиумското куќиште. За да се користи „Apple Watch“ сепак, корисникот треба да има најмалку „iPhone 5“, како и да ја има специјалната „Watch“-апликација.

Прелиминарните договори за клучните пазари, како САД, Велика Британија, Кина, Франција и уште неколку други почнуваат од 10-ти април, а официјалната продажба ќе започне на 24-ти април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП