23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа само неколку дена над 1000 нарачки за LaFerrari

За само неколку дена над 1000 нарачки за LaFerrari

laferari

Само што беше претставен на Женевскиот автосаем, новиот модел на Ферари, „LaFerrari“, стана желба на повеќе од 1.000 потенцијални купувачи. Четири дена по успешното лансирање на својот суперавтомобил од Ферари објавија дека примиле нарачки за над илјада примероци.

Со оглед дека италијанскиот производител на промоцијата најави дека планира да произведе само 499 примероци од „LaFerrari“, па така се чини дека повеќе од половина од побарувачите ќе останат со куси ракави.

laferari1

Освен ако Ферари не ја повлече претходната одлука и да го дуплира производството на овој автомобил чија цена засега ќе изнесува 1.3 милиони евра.

Италијанскиот производител на премиерата откри дека голем дел од планираното производство им е однапред распродадено, така што не е јасно дали во овие 1000  заинтересирани спаѓаат и оние кои однапред имаат платено.

laferari2

„LaFerrari“, беше откриен во вторникот на 5 март во Женева, е опремен со хибриден мотор 6.3-литарски V12 мотор и електричен мотор со вкупна моќност од 963 КС.

Автомобилот до 100 км/ч доаѓа за помалку од 3 секунди, а пак брзината од 300км/ч ја постигнува за 15 секунди. Максималната брзина на овој автомобил е 350 км/ч.

laferari3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП