21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИUbisoft најави нова трилогија на игри од Assassin's Creed (видео)

Ubisoft најави нова трилогија на игри од Assassin’s Creed (видео)

acc kina

„Ubisoft“ штотуку најави нова трилогија на игри кои се сместени во „Assassin’s Creed“ универзумот, од кои секоја ќе биде позиционирана на различна локација.

Како што претходно беше откриено, првата „хроника“ како место на случување ќе ја има Кина, каде играчите ќе присуствуваат на падот на династијата Минг. Останатите два наслови ќе бидат позиционирани во Русија и Кина, односно по револуцијата „Црвен октомври“, а во другиот случај поврзано со империјата Сик.

„Climax Studios“ работеше на развојот на овие три игри во соработка со „Ubisoft Montreal“, a игрите ќе имаат и „2.5D“ перспектива.

„Assassin’s Creed Chronicles: China“ ќе биде претставена за платформите „PlayStation 4“, „Xbox One“ и „PC“ од 21-ви април, а останатите два наслови – „Assassin’s Creed Chronicles: India“ и „Assassin’s Creed Chronicles: Russia“, подоцна во годината.

Секоја од хронологиите ќе се продава по цена од десет долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП