26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC пушта нова верзија на стариот M8

HTC пушта нова верзија на стариот M8

m8s

За оние кои сметаат дека новиот премиум модел на „HTC“ – „One M9“, доста наликува на стариот модел од минатата година, има една добра вест.

Тајванската компанија ќе понуди ажурирана верзија на стариот модел со името „M8 S“ и со значително пониска цена.

Новиот модел е со истиот 5-инчен дисплеј со метално тело, како и неговиот претходник, со резолуција од 1080 пиксели. Процесорот сепак е осумјадрен од „Qualcomm“ – „Snapdragon 615“. Компанијата ја замени својата 4 мегапикселна камера „UltraPixel“ со нова стандардна 13-мегапикселна камера, која е популарна меѓу корисниците. За разлика од моделот „M9“, кај „M8S“ е резервирана за втората камера за подобар фокус при фотографирањето.

Одредено подобрување има и во однос на батеријата, која е со капацитет од 2.840mAh, наспроти 2.600 за моделот „M8“.

m8s1

Смартфонот располага со 2 GB RAM меморија и 16 GB внатрешна меморија, како и слот за картичка за проширување на меморијата. Новиот модел е малку подебел, па телото е широко 9.55 мм наспроти 9,4 мм кај стариот модел, а неговата тежина изнесува 160 грама.

Оперативниот систем на „M8S“ е „Sense 6.0“ – софтвер развиен врз база на „Аndroid 5.0 Lollipop“, за разлика од „Sense Seven“ кај новиот „M9“.

Најдобрата карактеристика на новиот уред е неговата цена. Тој ќе се нуди во три бои – сребрена, златна и темно сива, а неговата цена ќе биде 564 долари без договор наспроти 786 долари за стариот модел „M8“ при неговото претставување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП