28 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia ја покажа целосно новата Optima (фото+видео)

Kia ја покажа целосно новата Optima (фото+видео)

op kia

„Kia“ ја откри новата генерација на седанот „Optima“ за време на стартот на меѓународниот саем во Њујорк. Моделот е создаден во стилот на европското студио за дизајн на марката.

op kia1

Автомобилот доби уникатни главни светла кои се спојуваат со решетката на ладилникот. Топ верзиите на моделот ќе се нудат со решетка со релјефни клетки, кои се врежани во посебен метод. Во зависност од опремата седанот ќе се нуди со 16, 17 или 18-инчни тркала. Со доплата задните светла можат да бидат целосно „LED“.

op kia2

Моделот ја задржува должината, но растојанието помеѓу двете оски е зголемено за 10 мм – до 2805 мм, благодарение на што Ентериерот стана повеќе простран. Широчината на возилото исто така е зголемена за 25 мм и веќе достигна 1860 мм.

op kia3

Значително подобрена е звучната изолација, а тоа се случува со помош на новата конструкција на возилото, која е за 15% подобра. Подесена е и суспензијата, а користењето на јаглеродни влакна во панорамскиот покрив овозможува да се намали тежината на возилото и да се намали висината на неговиот центар на гравитација.

op kia4

Во САД „Kia Optima“ ќе се нуди со 1.6-литарски бензински турбомотор кој развива 178 КС, како и со 2.4-литарски бензински атмосферски мотор „GDI“ со 185 КС. Ќе има и верзија со 2,0-литарски турбомотор со 247 КС, а сите агрегати се надградени соодветно со што значително се поекономични.

Од „Kia“ се категорични дека опремата ја наметнува „Optima“ како автомобил од топ класа. Квалитетот на материјалите е на високо ниво, а ентериерот е значително ревидиран. Проширена е средишната конзола, но истовремено е намален бројот на копчиња и прекинувачи.

op kia5

Во достапните опции за моделот се вклучени системпт за кружен преглед „Around View Monitor“ со функција за откривање на пешаци, автономен систем за итно сопирање, систем за контрола на мртвите зони и друго.

Освен тоа седанот ќе се нуди со индивидуализирани ксенон фарови со функција за динамично осветлување на кривини и автоматско префрлување од долго на средно светло.

Детали за европската верзија на моделот ќе бидат објавени подоцна во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП