22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИHuawei во 2014-та оствари приход од преку 46 милијарди долари!

Huawei во 2014-та оствари приход од преку 46 милијарди долари!

hu tehnologies

„Huawei“ официјално го објави својот финансиски извештај за 2014-та година.

Според него компанијата во минатата година остварила рекорден приход во износ од 46,5 милијарди долари, додека нето добивката изнесува 4,5 милијарди долари. На годишна основа тоа е раст на приходот од 20,6% и на нето добивката за 32,7%.

Одделението на компанијата кое е задолжено за дизајнирање и производство на паметни телефони и таблети (Consumer Business Group) остварило пораст на приходите од 32,6% на годишна основа, а тие изнесувале 12 милијарди долари. Растот на приходот е разултат на порастот на побарувачката за паметни телефони на пазарите во развој.

Приходите на одделението на компанијата за бизнис корисници забележа раст од 27,3% на годишна основа.

Huawei“ доста вложува во истражување и развој, па така во 2014-та година за таа цел се вложени 6,6 милијарди долари, што е 14,2%  од сите приходи кои компанијата ги оствари во текот на 2014-та година, како и раст во вложувањата од 29,4% во однос на 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП