10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft го претстави таблетот Surface 3

Microsoft го претстави таблетот Surface 3

surface 3333

Компанијата „Microsoft“ претстави нов член од своето семејство на таблети, а тоа е „Surface 3“, наследникот на моделот „Surface 2“.

„Surface 3“ ќе биде во понудата заедно со „Surface Pro 3“ во високи перформанси, а наместо „Windows RT“ ќе ја користи целосната верзија на „Windows 8.1“. Исто така, кога „Windows 10“ ќе се појави на пазарот, корисниците ќе можат да го превземат бесплатно.

Уредот го доби процесорот „Intel Atom“, а ќе има 2 или 4 GB RAM. Процесорот е конфигуриран за да ја штеди батеријата, а од „Microsoft“ тврдат дека таа трае 10 часа.

Компонентите ќе бидат сместени во познатото куќиште од магнезиум. Станува збор за таблет кој има 10.8-инчен екран, a тежината на целиот уред изнесува 622 грама.

Како и повеќето нови „Microsoft“ уреди, „Surface 3“ доаѓа со услугата за едногодишно користење на „Office 365“, кој на корисниците им нуди пристап до „Word“, „Exel“ и „PowerPoint“.

Tаблетот е компатибилен со новата тастатура и со пенаклото „Surface Pen“, но овие додатоци се купуваат посебно. Тастатурата чини 151 eвра, a пенкалото 62 eвра.

„Surface 3“ со 2 GB RAM и 64 GB SSD ќе чини 576 eвра, додека верзијата со 4 GB RAM и 128 GB SSD ќе чини 686 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП