7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманци го направија најбрзото дизел BMW

Германци го направија најбрзото дизел BMW

gpower11

Германското тунинг-ателје „G-Power“ претстави нов пакет за „напумпана“ дизел модификација на „BMW M550d“ во караван верзијата. Претставник на компанијата го нарече овој автомобил „најбрзото дизел BMW“ и „светски рекордер“.

Од фирмата сепак не прецизираа што точно мислат под „светски рекорд“, како и со какви други дизел автомобили го споредиле своето возило. Единствено беше соопштено дека благодарение на уредот „D-Tronik 5 V1“ ограничувачот на брзината бил преместен од 250 км/ч на 300 км/ч.

gpower12

За време на тестирањата претставниците на „G-Power“ успеале да развијат максимална брзина од 271,4 км/ч. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч го реализирале за 4,5 секунди, што е за 0,2 секунди побрзо од постигнувањето на стандардниот „BMW M550d“.

Овие резултати се постигнати откако моќноста на 6-цилиндарскиот дизел мотор е зголемен од 381 КС на 435 КС. Максималниот вртежен момент на моторот исто е зголем од стандардните 740 Нм на 850 Нм.

gpower13

Цената на „D-Tronik 5 V1“ во интернет-продавницата на „G-Power“ е 2.758 евра. Фирмата нуди сличен уред „D-Tronik 5 V4“, за моделот „М5“ кој е проценет на 13.804 евра. Чипот ја зголемува моќта на 4,4-литарскиот мотор со 8 цилиндри од 560 на 740 КС, а максималниот вртежен момент од 680 на 957 Нм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП