15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony стартува со развој на 6-инчен смартфон

Sony стартува со развој на 6-инчен смартфон

sx 2

Изгледа „Sony“ не се откажа од идејата за гломазни смартфони, а според нивните гласини компанијата подготвува уште еден (иако помал) 6-инчен телефон.

Најголемиот телефон кој „Sony“ досега го претстави беше „Sony Xperia Z Ultra“, кој е лансиран во 2013-та година и има дисплеј со големина од 6.44-инчи.

Според информациите кои се појавија во медиумите, „Sony“ започна со развој на 6-инчен смартфон, кој можеби нема да биде телефон од горниот пазарен сегмент. Ова изгледа е дел од стратегијата на „Sony“ да се фокусира на средниот сегмент на пазарот.

Со 6-инчен екран и средни спецификации, се претпоставува дека станува збор за наследник на моделот „Sony Xperia T2 Ultra“ (на фотографијата), но ова се уште е во доменот на претпоставки.

Sony“ има во план оваа година да испорача 38 милиони смартфони. Оваа бројка се однесува за фискалната 2015-та година, која трае од април 2015-та до март 2016-та година. Иако станува збор за голема бројка, практично би било пад на испораките, затоа што минатата фискална година „Sony“ предвиде испорака од 39.2 милиони единици. Сепак, оваа бројка ќе ја земеме со доза на резерва, затоа што не станува збор за официјална потврда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП