26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРакавицата е фрлена! Cadillac го претстави предводникот CT6 (фото+видео)

Ракавицата е фрлена! Cadillac го претстави предводникот CT6 (фото+видео)

ct6

Американскиот производител „Cadillac“ го претстави својот нов предводник. Тоа е лимузината „CT6“, чија светска премиера се одржа денес на авто-саемот во Њујорк.

„Cadillac CT6“ е позициониран на врвот во палетата на брендот, а според димензиите и пространоста е многу близок до „BMW 7-Series“ во верзија со стандардно меѓуоскино растојание. Што се однесува до тежината, „CT6“ е полесен од компактните предлози на конкурентите „BMW 5-Series“ и „Mercedes-Benz E-Class“, тврдат од американската компанија.

ct61

„„CT6“ е еден од најлесните, динамични и ефикасни луксузни седани во светот. Тој е возачки автомобил“, се наведува во информацијата од „Cadillac“.

Точните димензии на предводникот на „Cadillac“ се 5184 мм должина, 1879 мм ширина, 1472 височина и 3106 мм меѓуоскино растојание. Вкупната маса на моделот е под 1678 килограми, тоа е постигнато благодарение на новата алуминиумска платформа „Omega“.

ct62

Што се однесува до дизајнот, надворешноста на „CT6“ се обложува на ексклузивност и динамичен стил, додека ентериерот целосно се фокусира на луксузот.

Меѓу уживањето во моделот е и присуството на автоматското отворање на багажникот, „LED“ светлата, инфо-системот со 10,2-инчен дисплеј, декоративни елементи од егзотично дрво и карбон, безжичен полнач за паметен телефон и друго. Со доплата може да се нарачаат индивидуални фотелји на задниот ред кои имаат греење, ладење и масажа. При оваа модификација се достапни два дополнителни 10-инчни монитори, како и клима со четири зони.

ct63

Новиот предводник на „Cadillac“ нуди избор од три моторот, сите работат со бензин.

Прв во палетата е 2,0-литарскиот агрегат со четири цилиндри и моќност од 270 КС. Следен предлог е 3,6-литарски „V6“ мотор со 340 КС, а најмоќниот мотор е целосно новиот 3.0-литарски би-турбо. Агрегатот развива 405 КС и 543 Нм.

ct64

Во моментов недостасуваат динамичките податоци на моделот, но сепак станува јасно дека моторите работат во комбинација со 8-брзински автоматски менувач. Како опција се нуди динамичен систем за погон на сите четири тркала.

Меѓу технологиите за безбедност присуствуваат 360-степена камера, систем за ноќно гледање, систем за автоматско сопирање, за откривање на пешаци и друго.

ct65

Производството на „Cadillac CT6“ ќе стартува кон крајот на оваа година, а ќе се одвива во Детроит. Продажбата во САД ќе започне непосредно потоа, а до средината на следната година моделот треба да биде достапен и во Европа, Кина, Кореја, Јапонија, Израел и Блискиот Исток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП