5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПластични носачи на мотор во Мерцедес

Пластични носачи на мотор во Мерцедес

mercedes drzac

Мерцедес го инсталираше првиот пластичен носач за шест-цилиндричниот дизел мотор кој се користи во новата „GL“ класа. Во однос на претходниот алуминиумски носач, пластичниот дел нуди подобрени акустични својства, подобра топлинска изолација и предност во однос на телесната тежина, при што е во состојба да го издржи истиот товар.

Овој дел е дизајниран од „Ultramid A3WG10 CR“, армиран пластичен материјал кој е за специјални намени, а произведен е од компанијата „BASF“.

Носачите на мотори, кои се подложени на често оптеретување, досега беа правени од алуминиум.

mercedes drzac 1

Да би бил заменет алуминиумот со пластика, овој вид на материјал мораше да ги исполни сите механички услови, како што е способноста да ги издржи големите моменти на свиткување.

Покрај тоа предноста на пластичниот „Ultramid“ носач за мотор се неговите добри акустични карактеристики, односно звучната амортизација.

Дополнителна корист е тоа што топлинската енергија е значително помала во однос на алуминиумот. Па така со нив се обезбедува подобра заштита на гумените бази од топлината на моторот и со тоа се зголемува нивниот работен век.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП