5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche Boxster Spyder - само за гурмани (фото+видео)

Porsche Boxster Spyder – само за гурмани (фото+видео)

pbs

„Porsche“ го претстави „Boxster Spyder“, модел дизајниран да ги привлече најпребирливите купувачи кои автомобилите на оваа марка ги сакаат поради нивните спортски карактеристики. Во споредба со стандарниот „Boxster“, „Spyder“ го карактеризира агресивен изглед, помала маса и помоќен мотор.

Претстојниот саем за автомобили во Њујорк ќе биде домаќин на неколку интересни светски премиери, меѓу кои е и „Boxster Spyder“.

pbs1

За овој модел во компанијата „Porsche“ велат дека е наменет пред се за купувачите кои уживаат во спортското возење.

Предниот дел од автомобилот, со големи отвори за воздух, е превземен од моќниот „Cayman GT4“, додека поклопецот на моторот зад заштитните „рол-бар“ елементи доби карактеристични брановидни набори, а спојлерот кој се наоѓа меѓу стоп-светлата дополнително е нагласен.

pbs2

Porsche“ во целост ја промени конструкцијата и механизамот на подвижниот платнен покрив, со цел да ја намали вкупната маса на возилото.

Покривот е полесен отколку кај класичниот „Boxster“, а подигнувањето/спуштањето не е целосно автоматизирано, кострукцијата се ослободува од куќиштето со електрична команда, но целата постапка мора да се доврши мануелно.

pbs3

„Boxster Spyder“ има нови спортски седишта и нов волан, а поради тоа што основната цел беше масата на автомобилот да биде повеќе намалена, со цел да се подобрат перформансите, возилото стандарно се испорачува без клима уред и аудио/мултимедијалниот систем.

За оние кои сепак несакаат да се откажат од комфорот во кабината, производителот на барање на купувачите бесплатно ќе им вгради „музика“ и „клима“.

pbs4

Со цел наведените заштеди на масата да имаат поента, „Porsche“ автомобилот го опреми со моќен 3.8-литарски четирицилиндарски мотор кој произведува 375 ks (276 kW).

Моќта на тркалата се пренесува исклучиво по пат на шестбрзински мануелен менувач, а за забрзување до „стотка“ е потребно 4.5 секунди, а максималната брзина е 290 km/h.

Спортските карактеристики ги дополнуваат подобрениот управувачки систем, моќните сопирачки превземени од моделот „911“ и спортската суспензија која е намалена за 20 mm.

Кога во јули ќе се најде во продажните салони, купувачите за „Boxster Spyder“ ќе мораат да платат 79.945 eвра, колку што изнесува почетната цена на овој автомобил во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП