26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБафет: Излегувањето на Грција не би било лошо за еврозоната

Бафет: Излегувањето на Грција не би било лошо за еврозоната

bufi3

Угледниот инвеститор и еден од најбогатите луѓе на светот, Ворен Бафет изјави дека излегувањето на Грција од еврозоната би можело да биде конструктивно за целиот блок.

„Доколку Грција ја напушти еврозоната, тоа можеби не би било лошо за еврото. Тоа би можело да ги наведе членките на еврозоната да постигнат подобар договор за фискалната политика“, рече Бафет за телевизијата „CNBC“.

Покрај Грција, ниту другите членки на еврозоната не ги почитуваат фискалните правила за буџетскиот дефицит и за јавниот долг, појасни Бафет.

„Доколку сфатат сите дека правилата значат нешто и доколку членките на еврозоната дојдат до општ договор за фискална политика, тоа би можело да биде добра работа“, рече Бафет, кој на чело на компанијата „Berkshire Hathaway“, од мала текстилна компанија во проблеми, создаде голем конгломерат, кој денес вреди над 300 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП