18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple го купува вашиот Android телефон и ви дава iPhone

Apple го купува вашиот Android телефон и ви дава iPhone

ap store23

Од „Apple“ дојдоа на идеа да откупуваат од корисниците „Android“ телефони и во замена да им дадат подарок картичка која можат да ја заменат за „iPhone“ или „iPad“ уред.

Компанијата и претходно имаше слична акција, но во рамките на своите производи, меѓутоа, сега ја прошири и на телефоните и компјутерите на другите производители.

Оваа акција ќе биде достапна за корисниците во Велика Британија и во некои делови од Европа и Америка.

Купувачите ќе можат да го однесат својот телефон или компјутери во некоја од продавниците на „Apple“ каде веднаш ќе биде проценета нивната вредност и врз чија основа ќе добијат подарок картичка со која веднаш можат да купат некој од уредите на „Apple“.

Програмата за „рециклирање“ ќе има и некои правила.

Телефонот кој некој сака да го продаде треба да биде во добра состојба, а личноста која го продава мора да биде постара од 18 години.

Пред да тргнат кон продавницата, купувачите можат да проверат дали нивните уреди ги исполнуваат бараните услови така што ќе ја посетат интернет страната на „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП