18 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајскапиот Range Rover стартува од 220.000 долари (фото+видео)

Најскапиот Range Rover стартува од 220.000 долари (фото+видео)

rr sva

„Land Rover“ официјално ја претстави најскапата и луксузна модификација на теренецот „Range Rover“, чија премиера ќе се одржи на автосаемот во Њујорк. Цените на верзијата „SVAutobiography“ стартуваат од 220.000 долари.

rr sva1

Моделот ќе се нуди како во стандардна, така и со продолжена база на каросеријата. Таа ќе може да се нарача во комбинација од две бои – една за долниот дел и една за покривот. Освен тоа теренецот добил нова решетка на радијаторот, 22-инчни тркала, како и амблеми кои покажуваат дека припаѓа на посебна серија.

rr sva2

Во внатрешноста на „Range Rover SVAutobiography“ се појавиле голем број на дополнителни декоративни детали, направени од алуминиум, како и специјални седишта.

rr sva3

Во багажникот на моделот има дополнителен под, направен од алуминиум и дрво, како и пар фотелји поставени обратно од правецот на движење. Тие се направени од алуминиум и се обложени со кожа.

За „Range Rover SVAutobiography“ се достапни сите мотори кои се нудат за стандардниот модел. Во нив е вклучена и најмоќната модификација со 5,0-литарски „V8“ со механички компресор. Кај неа моќноста е зголемена за 40 КС и 55 Нм, достигнувајќи 550 КС и 680 Нм. Моторот работи со 8-степен автоматски менувач „ZF“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП