Смартфонот „LG G4“ конечно и официјално ќе биде претставен на специјален настан кој ќе се одржи на 28-ми април.
Компанијата „LG“ започна да испраќа покани за откривање на следната генерација на својот премиум телефон. „LG G4“ ќе има вистинско глобално претставување, затоа што настанот ќе се одржи истовремено во Њујорк, Лондон, Париз, Сеул, Сингапур и Истанбул.
Официјалните покани ни најавуваат дека „LG G4“ ќе има делови изработени од кожа, а претходните гласини ни сугерираа дека „LG“ ќе се фокусира на користење на премиум материјали за својот следен премиум телефон.
Шпекулациите за спецификациите ни говорат дека ќе видиме телефон со 5.5-инчен „QHD“ екран, процесор „Qualcomm Snapdragon 808“, 3 G RAM и 32 GB интерна меморија, како и главна камера од 16 мегапиксели.