9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGmail за Android ги обединува сите адреси на корисникот во едно

Gmail за Android ги обединува сите адреси на корисникот во едно

Gmail-Android

Многу луѓе имаат по неколку „email“ адреси. Иако и практично, тоа не секогаш е особено лесно за управување, „Google“ направи обид да го реши овој проблем со новата верзија на „Gmail“ за „Android“.

Таа веќе е подготвена и постепено почнува да се шири до корисниците преку „Google Play“. Главната промена во неа е воведувањето на функцијата за управување и добивање на сите писма од сите „e-mail“ адреси на корисникот. Дури нема да се наметнува на корисникот да се префрла помеѓу одделните сметки.

Функцијата може да работи не само со „Gmail“, но овозможува синхорнизација и со други е-мејл услуги, вклучувајќи ги и оние на „Yahoo“ и „Outlook“ на „Microsoft“. Таа е достапна во менито „All Inboxes“, па корисниците ќе можат да ја гледаат и секоја адреса поединечно, ако сакаат.

poraki gm111

Освен тоа писмата кои се добиваат од надворешни мејл адреси, веќе исто така ќе се оформуваат како разговор во интерфејсот на апликацијата. Ова важи дури и за повлекувањето на пораки преку „IMAP“ или „POP“ адреси.

Google“ истакнува дека вградениот пребарувач на „Gmail“ исто така е подобрен. Се скенираат писмата и многу побрзо и попрецизно ќе може да дава резултати. Направени се и лесни подобрувања во интерфејсот, некои ефекти се обновени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП