19 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.03.2015

Дневен хороскоп 31.03.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Меркур навлегува во вашиот знак и формира добар аспект со Сатурн. Планетата на комуникацијата и планетата на амбициите ви носи можност за напредок во работата со странци. Колку сте помлади, толку се подобри шансите да напредувате со помош на некое повозрасно лице, можеби роднина. Ако барате работа, ќе ја најдете со помош на Јарец, Лав или Стрелец.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Бидете многу внимателни што правите и што зборувате. Некој можеби ќе ве провоцира, а вие може да испаднете многу наивни, па сето тоа да се злоупотреби против вас. Влезот на Меркур во знакот Овен кој е во напнат аспект со Венера во вашиот знак може да ви донесе напнатост и нетрпеливост кон оние кои бараат нешто од вас а ви не можете да го обезбедите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денов е многу поволен за општествени активности и акции со кои на некого ќе му помогнете. Располагате со енергија и елан, па ќе бидете успешни во тоа што го работите. Финансиската ситуација нема многу да ве радува, но ќе се случи нешто позитивно и ќе дојде до подобрување. Бидете потолерантни со саканата личност.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Чуствувате негативна енергија во вас. Постојат начини со кои ќе се ослободите на пример: спорт, внесување во работата или пак целосно предавање на љубовта. Семејните средби ќе ви ги вратат детските сеќавања што биле длабоко закопани. Не очајувајте, доаѓаат поубави моменти.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Се наоѓате во конфликтна ситуација. Наместо да ги обвинувате другите, обидете се да го најдете својот дел на одговорност, за да можете да ја пребродите кризата. Добро би било конструктивно да размислувате за проблемите во кои се наоѓате. Сепак, сами сте виновни.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе ви се случуваат интересни работи. Еве ви причина за енормна количина на љубов во вашата околина. Само внимавајте да не претерате со добрината бидејќи некој лесно може да го искористи тоа, а вие да западнете во депресија.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Искористете ја добрата моќ на концентрација за оние работи кои долго сте ги одложувале. Завршете ги одамна започнатите планови и уредете го вашиот простор. Физичките активности ви се намалени, па ангажирајте се додатно и поминувајте повеќе од времето на чист воздух.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Мотивираноста за работа ви е доста опадната, но вие сеуште сте спремни да вложувате напори за навремено извршување на работните задачи. Нека не ве мачат сомнежите од поголеми размери, бидејќи со нив ќе ги доведете во прашање вашите важни планови.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ова е одличен ден за љубов и емотивно задоволство, а прилично лош за работа. На тој план работите се одвиваат тешко и барааат дополнителна сила, која во моментот вие ја немате. Затоа обрнете му внимание на партнерот или на новата симпатија доколку сте слободни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе се соочите со обврски со кои досега не сте се сретнале, што ќе ве натера да размислите дали сте подготвени за нови предизвици и промени. Подгответе се за помали задоцнувања или застои во вашата кариера. Во последно време не донесувате реални одлуки, внимавајте некој ќе ве напушти.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Морате да учите од сопствените грешки за да бидете подобри. Ќе ви одговара самотијата. На видик е некоја поголема финансиска добивка. Немојте да ги повторувате грешките од минатото, особено не оние љубовните.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денеска не брзајте. Концентрирајте се на вашите секојдневни работи и научете мирно да настапувате. Нагласен ви е односот со јавноста, пример, правни работи, договори, и партнерство. Финансиската ситуација во моментот е задоволителна, па тоа нема да ве оптеретува. Некои од вас пак ќе бидат окупирани со размислувањата за нешто посериозно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП