3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ90% од луѓето ги читаат „SMS“ пораките до три минути по приемот

90% од луѓето ги читаат „SMS“ пораките до три минути по приемот

poraki2

Иако е доста стара технологија, „SMS“ пораките продолжуваат да се меѓу најпознатите методи за комуникација. Иако постојат многу апликации за разговор, класичните „SMS“ пораки привлекуваат најмногу внимание, покажува истражувањето на компанијата „MobileSQUARED“.

Според нив над 90% од луѓето ги читаат „SMS“ пораките во рок од три минути по нивниот прием. „SMS“-ите се најпосакувани пред електронската пошта и апликациите за разговор, особено кога станува збор за кратки разговори. Тие обезбедуваат и врска меѓу корисниците на смартфони и луѓето со обични мобилни телефони, кои не можат да работат со апликации.

Покрај тоа, корисниците ги читаат над 99% од пораките кои ги добиваат. Просек 90% од населението на развиените земји има пристап до „SMS“ услугите.

Анализата на компанијата покажува дека над 80% од активноста на социјалните мрежи е поврзано со пишување на статуси и коментирање. И покрај постоењето на толку многу мултимедијални и интерактивни услуги, гласовни и видео разговори, пишувањето „SMS“ пораки е преферирана форма на комуникација, велат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП