27 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОФетел ја прекина доминацијата на Мерцедес

Фетел ја прекина доминацијата на Мерцедес

M

Германецот Себастијан Фетел победи на трката за Големата награда на Малезија. Фетел ја забележа првата победа како возач на Ферари, вкупно 40-та во кариерата. Четирикратниот светски првак му ја донесе на Ферари првата победа по пауза од речиси две години, претходно во 2013 Алонсо победи во Шпанија.

Себастијан Фетел на патеката „Сепанг“ со одлично возење и уште подобра тактика го надмудри тимот на Мерцедес и нивните возачи Луис Хамилтон и Нико Розберг, кои на крајот завршија на второто, односно третото место.

Фетел и Ферари во Малезија ја прекинаа низата од осум последовни триумфи на колегите од Мерцедес.

Доаѓањето на Фетел во Ферари ги смени нештата, бидејќи италијанскиот тим успеа да го победи Мерцедес со ‘неговото оружје’. Ферари во вистинско време го повикуваше својот возач во боксот, кој за разлика од конкурентите, еднаш помалку ги посети своите механичари.

Одлична трка возеше и Хамилтон, но тимската тактика веројатно му ја одзеде победата. На последното менување тој не доби од тимот побрзи пневматици (меките беа истрошени, па тимот му монтираше тврди пневматици), па иако се обиде, не успеа да го стигне Фетел.

Брилијантна трка возеше и Кими Раиконен кој во првиот круг остана без задниот десен пневматик, но на крајот успеа да го освои четвртото место, оставајќи ги зад себе пилотите на Вилијамс, Валтери Ботас и Фелипе Маса.

На трката во Малезија во историјата влезе и 17-годишниот Макс Верстапен кој стана најмладиот освојувач на бодови во историјата на Формула 1.

Бодови во Малезија уште освоија Карос Саинц, Данил Квјат и Даниел Рикардо.

Шампионатот на Формула 1 ќе продолжи на 12.април кога ќе се вози трката за Големата награда на Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП