29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault ја проширува RS линијата

Renault ја проширува RS линијата

renault-sport

Шефот на „RenaultSport Techologies“, Патрис Рати неодамна ги објави плановите на оваа компанија за проширувањето во RS линијата.

„RenaultSport“ планира во својата понуда да вклучи четири или пет модели во наредните четири години. Рати не даде конкретни информации за тоа што точно ќе се превземе во проширувањето на линијата, односно за кои автомобили станува збор, но може да се претпостави дека идниот RS програм би можел да биде вклучен во моделите „Clio“, „Megane“, „Twingo“, па дури и во моделот „Captur“.

Претставникот на „RenaultSport“ додаде дека оваа компанија најверојатно ќе се откаже од мануелниот менувач за наредната генерација на „Meganе RS“.

„Renault“ моментално ја разгледува можноста за продажба на „RS“ моделите на нови пазари, по успехот кој го имаа во Јапонија и Австралија и по порастот на продажбата од 30 проценти надвор од Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП