22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали знаете колку често смартфонот споделува ваши лични информации?

Дали знаете колку често смартфонот споделува ваши лични информации?

smart spy

Апликациите инсталирани на нашите смартфони се составен дел од нашиот современ живот. Многу од нив стандардно бараат пристап до лични информации, како на пример Вашата локација.

Знаете ли сепак колку често оваа информација се бара?

Според истражувањето, некои „Android“ апликации ги бараат овие информации на секои три минути. Тоа значи дека апликации може да бараат такви информации во просек 6.200 пати во рок од две недели.

Анкетата уште покажа дека повеќето од корисниците немаат поим колку пати нивниот уред дава слични лични информации. Направениот експеримент меѓу „Android“ корисници кои инсталирале апликации, тие посочуваат дека некои апликации сакаат дури и повеќе информации од оваа за локацијата.

Апликацијата за време, на пример на „Weather Channel“ ги бара координатите на локацијата на смартфонот 2.000 пати за две недели или на секои 10 минути. Анкетата покажа дека поголемиот дел од корисниците не се свесни за тоа колку пати нивниот смартфон дели лични информации и штом ќе го дознаат тоа ги менуваат поставките за својата безбедност.

Многу бесплатни апликации имаат пристап и уживаат во чувствителни информации, како локација, контакти и дури испраќани пораки. Податоците се праќаат последователно на маркетинг-менаџери и рекламни агенции, за да се следат потрошувачките навики и купувања, предупредуваат експертите.

Постојат сериозни стравувања дека пристап до овие информации можат да имаат и криминални групи, хакери и крадци на идентитет преку апликации кои се развиени од нивна страна. Таквите апликации можат да имаат за цел пристап до банкарски сметки и други чувствителни информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП